Унгарка тврди дека има 9-годишна ќерка од врската со Нејмар

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Постои можност Нејмар да заврши со трето дете од трета различна жена. Откако пред години му се роди син, бразилскиот фудбалер неодамна доби ќерка. Но, сега стана јасно дека и жена од Унгарија тврди дека има ќерка од него, информираат колегите на Sportal.hu.

Девојчето се вика Јазмин Зое и веќе има 9 години, но мајката Габриела Гаспар дури неодамна реши да ја промовира својата приказна. Според неа, и претходно се обидела да стапи во контакт со Нејмар, но не успеала, поради што сега се насочува кон медиумите.

Детето е резултат на кратката врска меѓу двајцата од 2013 година, кога Нејмар беше во Боливија на репрезентативен натпревар.

Габриела Гаспар сега бара да се направи ДНК тест на детето за да се потврди дали напаѓачот на Ал Хилал е навистина нејзин татко.

Доколку се потврди татковството, мајката сака да добива 30.000 евра месечно издршка, како и 374.000 евра надомест за изминатите 9 години.

Според неа, детето личи на мајката и сестрата на Нејмар.

Инаку, на девојчето уште од мали нозе и било кажано дека Нејмар и е татко. Таа дури и секој пат со интерес ги гледала неговите натпревари и сакала да стане фудбалер како него.

Слични содржини