📸 ЕМОТИВНИ ФОТОГРАФИИ: Русија и Украина разменија воени заробеници

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Вкупно 207 заробени украински војници се вратија дома по договорот со Русија за размена на затвореници, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

„Нашите луѓе се дома“, соопшти тој на Телеграм.

На социјалните мрежи се појавија шокантни фотографии од разменетите – Украинци кои плачат завиткани во украински знамиња.

Двете земји разменија многу затвореници за време на речиси двегодишната војна, но дополнителните размени се доведени во прашање откако Москва го обвини Киев за соборување на воен транспортен авион минатата недела, во кој наводно имало 65 украински затвореници.

Прва размена по падот на авионот за кој Русите тврдат дека бил полн со Украинци

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека го комплетирало договорот за размена со Украина, според кој секоја страна добила назад по 195 војници. Министерството соопшти дека руски војници ќе бидат испратени во Москва за да добијат медицинска и психолошка помош.

Ова е прва ваква размена по падот на рускиот воен транспортен авион минатата недела, за кој Москва вели дека превезувал 65 украински војници пред планираната размена.

Русија соопшти дека Украина го соборила авионот со проектил земја-воздух, при што загинале сите 74 лица во него. Украина ниту потврди ниту демантираше дека го соборила авионот и побара доказ кој бил во авионот.

Слични содржини