251
Англискиот играч за врска на Реал Мадрид, Џад Белингем, го спореди стадионот на клубот „Сантијаго Бернабеу“ со Колосеумот.
„Познато е дека Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Прекрасно е да се биде овде. Како да играш во Колосеум, се чувствуваш како гладијатор. Чувството е посебно. Не можеш ни да замислиш колку е голем овој клуб. “ изјави Белингам во интервју за клупската телевизија на „белиот балет“.
20-годишниот фудбалер се пресели во Реал Мадрид во јули минатата година и неочекувано стана најдобар стрелец на тимот.