Србин суспендиран од Салцбург – намерно ги повредувал соиграчите на тренинзи

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Дефанзивниот играч на Салцбург и на српската репрезентација, Страхиња Павловиќ е суспендиран од тимот, бидејќи на тренинг намерно ги повредувал соиграчите, објави „Салцбургер нахрихтен“.

Како што пишува овој весник, Павловиќ побарал од управата да го продаде на некој од клубовите кои сакале да го доведат во зимскиот преоден рок, а за него наводно биле заинтересирани Јувентус, Рома, Фенербахче и Брајтон.

Откако челниците на австриската Бундеслига го одбија барањето на поранешниот играч на Партизан, тој со груби стартови на тренинг повредил неколку соиграчи, по што тренерот Герхард Штрубер решил да го отстрани од тимот.

Во официјалното соопштение на клубот пишува дека Павловиќ е повреден, но дека би можел да биде подготвен за првенственото дерби во кое во петок се среќаваат Салцбург и ЛАСК од Линц.

Отштетата за српскиот репрезентативец е 20 милиони евра и се очекува по Европското првенство во Германија да го напушти тимот од „Ред Бул Арена“.

Слични содржини