256
Она што беше најавено претходно и официјално е потврдено – Луис Хамилтон од следната сезона ќе вози за Ферари.
Седумкратниот шампион во Ф1 договори соработка со нов тим, а до крајот на сезоната ќе вози за Мерцедес.
Минатата година Британецот потпиша двегодишен договор со актуелниот клуб, но ја искористи клаузулата според која по една сезона може да го промени тимот.
Хамилтон важи и за еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, а моментално го дели првото место по бројот на освоени титули со Михаел Шумахер.