Прва работна средба со претседателот на македонското Собрание, Јован Митрески. Разговаравме за заокружување на законските постапки во наредниот период кои се важни за граѓаните, како и реформите поврзани со европскиот пат на државата, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот премиер Димитар Ковачевски.
„Улогата на Собранието е исклучително важна и СДСМ како одговорна, државничка партија, преку ангажманот на пратениците во законодавниот дом и понатаму ќе го дава максималниот придонес за напредокот на земјата и во интерес на сите наши граѓани.
Во пресрет на изборите сите општествени чинители треба да придонесат во обезбедувањето фер и демократски изборен процес, како што доликува на демократска земја, членка на НАТО и земја со отпочнати преговори со ЕУ“, наведе Ковачевски.