ВМРО-ДПМНЕ сака да го врати стариот начин на функционирање на Клиничкиот центар

од Nikola Popovski
187 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да го врати стариот начин на функционирање на Клиничкиот центар, односно еден Клинички центар и ќе инвестира во инфраструктурата во здравството. Регионализацијата ќе биде приоритет, бидејќи само така може да се растерети кампусот клиники Мајка Тереза, велат од најголемата опозициска партија преку соопштение.

Во иднина, додаваат од партијата, ќе се реализираат едукации и доедукации за медицинскиот кадар, ќе се направи кадровска стратегија со цел да се задржи медицинскиот кадар во Македонија. Според нив, ревидирањето на позитивната листа на лекови ќе биде приоритет, бидејќи лекувањето со нови лекови им е недостапно на пациентите.

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија и критики кон политиките на СДСМ.

-Ветуваа нов клинички центар во Скопје, ветуваа дека ќе го завршат новиот клинички во Штип, но од ова ништо не реализираа.   Редеа само скандали, местење на тендери, обиди за распродавање на јавното здравство, крадење лекови од граѓаните како скандалот Онкологија. Медицинскиот кадар го заборавија, наместо да го задржат го мотивираа да замине. Немаше доедукации, немаше соодветни планови за вработување на медицинскиот кадар. За оние кои остана во државава не обезбедија соодветни услови за работи, се вели меѓу другото во соопштението од најголемата опозициска партија.

Слични содржини