Уапсени албански државјанин и германска државјанка на ГП „Долно Блаце“

од Nikola Popovski
247 прегледи

На 01.02.2024 во 17.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(22) од Република Албанија и В.С.(21) од Сојузна Република Германија.

При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал А.М., а сопатничка била В.С., било евидентирано во базата на Интерпол како украдено.

Тие биле задржани во полициска станица, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини