Како полесно да се поднесе наглата промена на времето?

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

По големиот зимски студ и минусни температури, кога ќе се појават натпросечно високи температури за овој период од годината, многумина завршуваат „приковани“ за кревет. Наглите промени на времето може да бидат одговорни за разни здравствени проблеми.

Скоковите на температурата од ниска на висока (и обратно) влијаат на крвниот притисок, на срцето и на циркулацијата воопшто, што на крајот може да доведе до разни здравствени проблеми како што се главоболки, несоница и замор. Често се придружени со чувство на нервоза и раздразливост.

Постојат неколку начини да си олесните себеси:

Следете ја временската прогноза и подгответе го вашето тело за температурни разлики
Исто како што ја проверувате температурата секое утро пред да излезете за да одлучите што да облечете, проверете дали утринските и дневните температури се радикално различни за да го подготвите вашето тело за она што следува.

Излезете во природа и бидете активни
Секоја форма на физичка активност која трае најмалку половина час дневно ќе го направи телото постабилно и поотпорно на временските промени. Уште подобро е физичката активност да се одвива во природа.

Не е важно дали ќе одлучите да одите на брза прошетка или некој друг вид на активен тренинг, активностите во природа ќе ви помогнат да го ослободите стресот и да се чувствувате подобро, а исто така може да ги намалат шансите за главоболки.

Направете ја вашата исхрана разновидна и полна со витамини
Здравата и правилна исхрана богата со овошје и зеленчук е добар предуслов за ублажување на негативните влијанија од временските услови. Покрај разновидна исхрана, важно е и редовното внесување вода. Се препорачува дневен внес од два до три литри вода.

Заменете го кафето со билен чај
За да се справите со метеоропатија, можете да побарате помош за да се опуштите со разни билни пијалоци или да ги збогатите вашите оброци со додатоци во исхраната.

Билните чаеви како камилица помагаат да се опуштат нервите.

Слични содржини