235
Вејн Руни размислува да ја продолжи менаџерската кариера во Саудиска Арабија откако минатиот месец беше отпуштен од Бирмингем Сити.
Поранешниот напаѓач досега водеше неколку екипи – Дерби Каунти, ДиСи Јунајтед и неодамна Бирмингем, од каде беше ослободен поради лошите резултати.
Руни помина само 83 дена со тимот од Чемпионшип, победувајќи само два пати во 15 натпревари.
Сепак, Вејн Руни е решен да се докаже како тренер и планира тоа да го направи тоа во Саудиска Арабија.