Се трага по 14-годишно девојче од Скопје, исчезнато е од четвртокот

од Nikola Popovski
379 прегледи

На социјалните мрежи кружи апел за пронаоѓање на исчезнато 14-годишно девојче. Според информациите, се работи за малолетничка по име Ринеса, која од четвртокот не е вратена дома.

Објавени се и два телефонски броеви на кои може да се сподели било каква информација со родителите на исчезнатото девојче, а се апелира да се пријави и во полиција секое сознание за Ринеса.

Телефонските броеви за контакт се 070/891-246 и 071/374-091.

Од МВР го потврдуваат случајот и велат дека на 1.2.2024 година случајот е пријавен од таткото С.М. во СВР Скопје. Нагласуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање.