Леброн: „Размислував да одам во Никс“

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс одговараше на прашања за неговата иднина во најсилната лига на светот.

И не бил премногу склон отворено да им одговори, но призна дека во еден момент сакал да замине во Њујорк Никс.

„Размислував за тоа во текот на мојата кариера“, признал Џејмс, а пренесува „Њујорк пост“. Кармело Ентони во тоа време отиде во Никс.

„Мело таму правеше работи што Мело вообичаено ги прави, па имаа добар тим и поддршка околу него, победуваа. Значи, не е првпат да имаат добар тим, јас сум во лигата веќе две децении и ја гледам атмосферата кога арената брмчи и кога тимот игра добро“, додаде Џејмс.

Познато е дека човекот кој дојде во НБА во 2003 година почна да го гради своето име во Кливленд Кавалирс и таму остана до 2010 година кога се пресели во Мајами Хит.

На Флорида имаше голема тројка во тимот со Двејн Вејд и Крис Бош и заедно освоија две шампионски титули во НБА во 2012 и 2013 година.

Леброн се врати во Кливленд во 2014 година, останувајќи таму уште четири години пред да се пресели во Лејкерс. Со двата тима освои уште една титула, а последниве денови се шпекулираше дека заминува од Лејкерси и дека се подготвени да го трејдуваат.

На прашањето дали знае какви се неговите планови по оваа сезона со Лејкерси, тој кратко одговори: „Не“.

Во меѓувреме, неговиот агент Рич Пол ги демантираше гласините дека Леброн ќе биде трејдуван, иако и на 39-годишна возраст тимот на Лејкерс може да добие многу во замена за закоравениот ветеран.

Слични содржини