181
Тренерот на тимот на Лацио – Маурицио Сари може да го преземе составот на Милан на лето, пренесува Il Messaggero.
Според изворот, на Сари не му се допаѓа моменталната ситуација во „римските орли“ и на крајот од сезоната 65-годишниот стручњак сака да разговара за својата иднина со претседателот на клубот Клаудио Лотито.
Се вели дека Сари е заинтересиран и за можноста да ја преземе Фиорентина, а клубот од Фиренца исто така е отворен за таква идеја доколку има разделба со сегашниот тренер Винченцо Италијано.