„Го прекршија, не беа со нас кога беше тешко“: Дали завршува еден од најдолгите договори во спортот, во игра се 200 милиони евра

од Nikola Popovski
258 прегледи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека клубот би можел да остане без еден од најголемите спонзори.

Помеѓу Барселона и Најк постои долга и плодна соработка веќе 26 години и по две и пол децении, друг производител, Пума, би можел да влезе во игра.

Тој договор, според Форбс, на Каталонците би им донел дури 200 милиони евра по сезона, што е сериозна сума за клубот кој со години е во долгови.

Уште од првата година на пандемијата со Ковид-19, се пишуваше дека Барселона е во долгови повеќе од една милијарда евра, а од заминувањето на Лионел Меси проблемите не исчезнаа.

Лапорта не е задоволен како сега изгледа соработката со спонзорот за спортска опрема и иако актуелниот договор трае до 2028 година, можеби да дојде до промена пред истекувањето.

Претседателот на Барса вели дека Најк не го почитува договорот и дека не бил со клубот кога било тешко.

„Односите се влошуваат, мислиме дека го прекршиле договорот. Пума? Не сакам да зборувам за имиња. Разговараме со Најк. Соработуваме повеќе од 20 години, но во тешките моменти не се покажаа дека се тука за клубот. Се покажаа само на зборови. Кога им покажавме заби, се потрудија, но тоа не е доволно. Во овој момент сакаме да го најдеме најдоброто решение. Има три опции: да продолжиме со нив, да видиме што ни нуди пазарот или да го направиме тоа сами преку BLM (Barca Licensing & Merchandising prim. aut)“, изјавил Лапорта за „RAC1“.

„BLM“ е производство кое го води самата Барселона, па постои можност сама да изработува свои дресови.

„Да. Ако видите колку чини дресот и по која цена се продава… А ние веќе обезбедуваме своја опрема“, објаснил Лапорта.

Слични содржини