Претставници на бугарската амбасада во Македонија, на Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и претставници на бугарската заедница во земјата, положиле свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, на денот кога се одбележува 152-годишнината од неговото раѓање.
Бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов од гробот на македонскиот револуционер, порачал дека „по Васил Левски, Гоце Делчев е еден од оние револуционери кои го оставија своето его зад себе“.
-Револуционерите се силни поединци со силна волја кои ја чувствуваат својата моќ. Левски и Гоце Делчев се рамноправни со останатите. Зрачат со сила и достоинство, но се еднакви. Луѓе кои прифаќаат туѓо размислување и за тоа има многу примери во биографиите на двајцата. Можеби нема поголема личност од Гоце Делчев, кој го дефинира нашето заедничко минато, бидејќи неговите посмртни останки се тука, во Скопје, но во моментов и во Софија, Благоевград, и во градот што го носи неговото име, Гоце Делчев, се слави раѓањето на овој голем деец, посочил бугарскиот амбасадор во земјава.
Фото: БТА