Малолетно девојче било нападнато во училница во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје.
Случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето.
Според пријавата, зад нападот стои соученик на девојчето кој употребил и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.