Лајчак: Внимателно ги следам последиците од одлуката на Централната банка на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека внимателно ја следи ситуацијата на Косово и последиците од одлуката на Централната банка на Косово, која како што рече, влијае на српската заедница на Косово.

Тој денеска на Фејсбук објави дека минатата недела бил во Белград и Приштина за да разговара со своите партнери за актуелната ситуација и следните чекори во дијалогот.

Лајчак навел дека се сретнал со српскиот претседател Александар Вучиќ и со главниот преговарач Петар Петковиќ, како и со косовската претседателка Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и главниот преговарач на Косово, Бесник Бисљими, со кои разговарале за дијалогот и односите меѓу ЕУ и Косово.

„Во освртот на тоа патување, длабинските разговори со лидерите и главните преговарачи на двете страни беа навремени и важни и ни овозможија да ги изразиме нашите очекувања за следните месеци и да разговараме на што ќе работиме“, истакна тој.

Како што додаде, сега почнува напорна недела за него и неговиот тим, во која тие внимателно ќе се фокусираат на процесот на нормализирање на односите.

„Во овој контекст, јас, исто така, внимателно ги следам случувањата поврзани со регулативата на Централната банка на Косово за готовинските операции, кои особено ги засегаат српските заедници кои живеат на Косово“, напиша тој.

Слични содржини