Товарен брод во Црвеното море претрпел помала штета откако бил погоден од проектил додека пловел долж брегот во близина на јеменскиот град Ходеида, соопштија Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) и британската поморска безбедносна фирма „Амбри“.
Бродот, кој се наоѓал на 57 наутички милји западно од Ходеида, бил погоден од дрон од левата страна.
Проектилот поминал преку палубата и предизвикал мала штета, се вели во извештајот на УКМТО.