Батон го сака Алонсо на местото на Хамилтон во Мерцедес

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Светскиот шампион во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон го назначи својот фаворит за замена на Луис Хамилтон во Мерцедес. Како што е познато, седумкратниот светски шампион на крајот на сезоната ќе го напушти тимот на Бракли и ќе се пресели во Ферари.

Ова заминување на Хамилтон од тимот со кој освои шест од седумте титули, го натера Тото Волф да бара колега за Џорџ Расел. За среќа на Австриецот, овојпат има многу повеќе време да го направи ова, за разлика од крајот на 2016 година. Тогаш Нико Розберг изненадувачки се повлече од спортот неколку дена по освојувањето на светската титула, принудувајќи го Волф итно да побара совозач.

Во овој случај, тој успеа да го привлече Валтери Ботас од Вилијамс, но со многу забелешки. Сега тие нема да бидат потребни, бидејќи на повеќето пилоти им истекуваат договори на крајот на годината. Меѓу нив е и Фернандо Алонсо, кој според Батон би бил идеален наследник на Хамилтон.

„Би бил среќен да го видам Фернандо Алонсо“, изјави Батон за Sky Sports F1. „Тој има 42 години, но се уште е гладен за успех. И ако е тука жедта, тука е и физичката форма. Секој ден вози картинг или некој друг тркачки автомобил. Ако е таму (во Мерцедес) мислам дека ќе биде кул партнерство. Мислам дека ќе учат еден од друг и ќе соработуваат добро“.

Слични содржини