Локализиран пожарот на планината Жеден, хеликоптерот на МВР исфрли над 30 тони вода

од Radmila Tasevska
159 прегледи

Локализиран е пожарот на планината Жеден. Во гаснењето на пожарот учествуваше хеликоптерот Ми-172, кој исфрли над 30 тони вода.

Како што информира Министерство за внатрешни работи, Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гасење на пожар на планината Жеден заради недостапен терен, го упати хеликоптерот Ми-172 кој делуваше на пожарот, по што тој е локализиран.

ЦУК информираше дека во последното деноноќие се регистрирани 17 пожари на отворено. Горела нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери.  Од 17-те пожари на отворено, активни беа два – на Шар Планина и на планината Жеден.

Во ЦУК во 6.05 часот е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициска станица Сарај дека пожарот околу врвот на планината Жеден, каде што гори претежно трева и евентуално грмушки се уште е активен, но со намелен интензитет и дека заради тоа што во текот на денот постои можност од негово разгорување, тој ќе се надгледува. Вчера, заради ноќни улови и непристапен терен скопската БППЗ не можеше да интервенира.

Слични содржини