Откриено колку пари ќе заработат учесниците на спектакуларниот тениски турнир во Саудиска Арабија

од Vladimir Zorba
244 прегледи

На крајот од тениската сезона се очекува вистински спектакл во Ријад, кој го организира турнирот „Шест кралеви на слемот“ со пет Гренд слем шампиони и еден кој наскоро би можел да стане таков.

Новак Ѓоковиќ е на списокот од шест играчи, а заедно со него се и Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Данил Медведев, Јаник Синер и Холгер Руне! Како што претходно беше најавено, турнирот треба да се одржи во октомври, а сега британски „The Telegraph“ презентира нови детали кои се однесуваат на парите.

Имено, тие наведуваат дека секој учесник ќе инкасира по 1,5 милиони долари, додека победникот на турнирот ќе добие неверојатни шест милиони долари.

Она што е особено интересно е времетраењето на турнирот. Британците наведуваат дека не може да се организира вакво нешто во неделите кога се организираат Мастерси од серијата 1.000 и 500. Така во октомврискиот термин се планирани турнири од серијата 250, па организацијата на спектаклот во Ријад е изводлива.

Слични содржини