Духовитиот тиктокер добива улога во филм

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Италијанскиот инфлуенсер, роден во Сенегал, Кхаби Ламе (23), кој има повеќе од 161 милион следбеници на TikTok, ќе го има своето филмско деби во „00Khaby“, каде ќе игра доставувач на храна, регрутиран од ЦИА.

„Додека е во бегство од трговците со оружје и краде примероци од ДНК, таен агент мора да се справи и со својата љубоморна девојка и со нејзиниот досаден помал брат. Но, на крајот, преку мешавина од лукавство, среќа и непоколеблив оптимизам, тој успева да спречи не помалку од Трета светска војна“, се вели во синопсисот на филмот.

Продуцент на акционата комедија е Марко Беларди, а сценариото за филмот го напишаа италијанските писатели Никола Гуалјаноне и Роберто Маркиони.

„Глумата отсекогаш била мојот сон, но не сакам да импровизирам. Затоа сум подготвен да се фрлам подлабоко во актерството и студиите по англиски јазик за да дадам се од себе во овој филм“, рече Ламе, истакнувајќи дека редовно вежба затоа што не сака во акционите сцени да го заменува каскадер.

Инаку, Ламе бил работник во фабрика во Италија, кој откако бил отпуштен од работа во 2020 година, започнал канал на TikTok каде изведува комични сцени кои станаа вирални. Во неговите видеа, тој повеќе се фокусира на изразите на лицето и говорот на телото и често не вклучува говор за да го направи хуморот разбирлив за секого.

Слични содржини