Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека најмалку две лица загинале во главниот град Киев за време на масовниот руски ракетен напад врз Украина утрово.
„Повеќе од 10 лица се повредени во Киев. Засега знаеме за најмалку двајца загинати. Можеби има уште луѓе под урнатините“, објави Зеленски на Телеграм.
Украинската противвоздушна одбрана собори 29 ракети и 15 дронови лансирани од Русија во денешниот масовен напад, соопшти шефот на украинската армија Валериј Залужни.