Тревога во Полска: НАТО земјата подигна авиони поради масовниот руски напад врз Украина

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Полската армија соопшти дека ги започнала сите потребни процедури за обезбедување на воздушниот простор на земјата, откако утринава била забележана интензивна активност на руската авијација со долг дострел.

Како што е објаснето, тоа е поврзано со ракетните напади утринава на територијата на Украина, а „Оперативната команда на вооружените сили на Полска континуирано ја следи ситуацијата“, наведува полскиот неделник „Впрост“.

Во соопштението се наведува и предупредување до населението дека се активирани полските и сојузничките авиони и дека тоа може да го зголеми нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата.

Ноќта меѓу вторникот кон средата беше објавена противракетна узбуна низ цела Украина, а воздухопловните сили на земјата известија дека заканата е предизвикана од лансирање на крстосувачки ракети од авионот Ту-95МС.

Набргу по 6 часот по локално време, се појави извештај дека „ракетните маневри во областа Лавов се приближуваат до границата со Полска“, но во последователната порака се вели дека проектилот го променил курсот и се движел кон Лавов, град во западна Украина, наведува „Впрост“.

Слични содржини