Медведев најави Апокалипса: „Ако дојде до војна со НАТО, ќе користиме ракети со специјални боеви глави“

од Stefanija Kuzmanovska
320 прегледи

Војна со НАТО, која на Русија не ѝ е потребна, но за која зборуваат лидерите на земјите од Алијансата, нема да се води според сценариото на специјалната воена операција – одговорот на Русија ќе биде асиметричен, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.

Тој на својот Телеграм канал напиша дека „шефовите на земјите од НАТО велат дека „мора да бидеме подготвени за војна со Русија“.

„Иако Русија постојано повторува дека не планира конфликт со земјите од НАТО и ЕУ, крајно опасните разговори на оваа тема продолжуваат“, истакна Медведев.

„Ако не дај Боже се случи таква војна, тогаш тоа нема да се одвива според сценариото на СВО. Нема да се води во ровови со артилерија, оклопни возила, беспилотни летала и опрема за електронско војување“, пишува заменик претседателот на Советот за безбедност.

Тој потсети дека „НАТО е огромен воен блок, населението на земјите од Алијансата е речиси една милијарда луѓе“.

„Затоа, поради неспоредливоста на нашиот воен потенцијал, едноставно нема да имаме избор. Одговорот ќе биде асиметричен. За заштита на територијалниот интегритет на нашата земја, ќе се користат балистички и крстаречки ракети со специјални боеви глави. Ова е содржано во нашите воени доктрини и им е добро познато на сите. Тоа ќе биде и таа озлогласена Апокалипса. Крај на сè“, заклучи Медведев.

Слични содржини