Ливерпул уште во ноември го прашале Алонсо дали сака да ги преземе „црвените“

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Раководството на Ливерпул ги оствари првите контакти со тренерот на Баер (Леверкузен) Чаби Алонсо уште во ноември, за да ја испита ситуацијата околу стручњакот како можна замена за Јирген Клоп, информира „Фут Меркато“.

Ова се случи многу брзо откако самиот Германец ги извести шефовите на Енфилд дека има намера да се повлече од работата во клубот на крајот од сезоната.

Поранешниот менаџер на Борусија Дортмунд пред околу две недели ја шокираше фудбалската јавност кога на клупскиот сајт на тимот од Мерсисајд беше објавено видео на кое ја објавува својата одлука.

Набргу потоа дојде повикот до Чаби Алонсо, кој досега има одлична сезона на чело на „аспирините“ и е лидер во поредокот во Бундеслигата.

Шпанецот играше за Ливерпул од 2004 до 2009 година и беше дел од тимот кој славно го победи Милан во Истанбул во финалето на Лигата на шампионите. Тој има долгогодишен договор со Баер до летото 2026 година и не е јасно каква отштета ќе бараат од германскиот тим за да го пушти на „Енфилд“.

Слични содржини