Пронајдено оружје и фалсификувани пари, поведена истрага против едно лице

од Radmila Tasevska
148 прегледи

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „фалсификување пари“.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во својата куќа во селото Шипковица, неовластено држел автоматска пушка и две рамки со 12 куршуми со калибар 7,62мм. При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и фалсификувани парични средства во вкупен износ од 4.020 евра и 300 франци, кои осомничениот ги фалсификувал со намера да ги пушти во оптек.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Слични содржини