Министерот за информатичко општество, Азир Алиу тврди дека вицепремиерот Артан Груби одлучува за тоа која точка ќе помине на владина седница.
-За жал, лично го познавам и господинот Талат Џафери. За жал, со средбата во Владата го руши профилот на техничкиот премиер и профилот на Џафери со преземањето на управувањето со процесите. Така, вчера техничкиот премиер само ги прочита точките и за сите Артан Груби одлучи дали ќе бидат на дневен ред, ќе гласаат „за“ или ќе гласаат „против“?“, рече Алиу во емисијата „10 минути“.
Според него, „политичкиот профил на Груби е хибриден профил помеѓу нарцизмот и макијавелизмот“.
-Зошто велам дека тоа е хибриден профил помеѓу макијавелизмот и нарцизмот? Во овој политички профил има неколку карактеристики, кои ги дефинирав во хибридна форма. Сака многу внимание, има огромна желба да биде моќен, да рефлектира моќ. Од друга страна е личност која има минимална емпатија кон другите. Манипулативен профил кој прави се за да ги постигне своите цели, истакнал Алиу, додавајќи дека е личност која прави поделби е е манипулатор.