138
Комитетот на Обединетите нации за правата на децата (УНИЦЕФ) денеска ја повика Русија да го запре наводното присилно пренесување на деца од окупираните територии на Украина, што според нив е кршење на меѓународното право и да ги врати на нивните семејства.
Во извештајот за Русија, комитетот на ОН нагласи дека Москва треба да обезбеди податоци за точниот број на деца земени од Украина и каде се наоѓаат, за да можат да бидат идентификувани и вратени.
УНИЦЕФ, исто така, изјави дека Русија треба да се погрижи ниту едно дете да не биде лишено од украинската националност и дека нивниот идентитет, име и семејни односи мораат да бидат зачувани.