156
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера извршиле претрес на домот на К.Т.(23) во Скопје.
Како што информира МВР, претресот бил спроведен по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба.
При претресот биле пронајдени и одземени 12 пакувања марихуана, две пакувања со бела прашкаста материја и дигитална вага.
– Лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се вели во соопштението од МВР.