ФИФА се огласи за одлуката која се заканува целосно да го промени фудбалот

од Nikola Popovski
283 прегледи

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека не планира да го воведе синиот картон како форма на казна во највисокиот ранг на фудбалот и дека новостите за нивно воведување се се уште избрзани.

Британски „Телеграф“ ја пренесе веста дека ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна, покрај црвените и жолтите картони.

По добивањето син картон, играчот ќе мора да ја напушти играта на десет минути.

Според правилникот, би биле казнети играчите кои ќе направат доволно груб прекршок или во случај на играчи кои немаат доволно почит кон судиите.

„ФИФА сака да го расчисти прашањето за таканаречениот син картон. Не е точно дека планираме да го воведеме во највисокото фудбалско ниво и сите извештаи за тоа се предвремени. Секое тестирање, доколку се воведе, ќе биде ограничено на тестирање на пониски нивоа. Оваа тема повторно ќе ја отвориме на 2 март“, се вели во соопштението на ФИФА.

Слични содржини