Османи ќе биде кандидат на ДУИ за шеф на државата, тврдат од здружената албанска опозиција

од Nikola Popovski
293 прегледи

Здружената албанска опозиција денеска преку изјава информираше дека шефот на македонската дипломатија и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи ќе биде кандидат на партијата за претседателските избори. Оттаму додаваат дека се работи за поранешниот министер за здравство во владата на Груевски за кого Специјалното обвинителство имало случај под името „Пациент“.

Од тука го прашуваат Османи што е сторено со предметот „Пациент“ и каде завршија парите од тој предмет.

Освен ова, велат од партијата, ако веќе се одлучил да се кандидира за претседател, тој ѝ должи на јавноста да одговори на следниве прашања: „Дали е вистина дека респираторите за време на пандемијата Ковид-19 биле купени преку руска компанија и каква неговата поврзаност со оваа компанија?“ и „Каква е неговата поврзаност со компанијата што увезувала маски за време на пандемијата Ковид-19 и дали побарал од сите институции да ги користат тие маски?“.

„Кандидат за претседател и министер чиј најчест збор во неговата патетична реторика е зборот „евроинтеграција“, мора да одговори на овие прашања доколку сака да ја добие довербата од граѓаните. Додека Бујар Османи не одговори на овие прашања, повеќе за јавноста отколку за нас, бидејќи ние ги знаеме точно тие одговори, би сакале да ја информираме јавноста дека и во наредните денови ќе имаме неколку појавувања со кои пациентот на Груевски, Бујар Османи, ќе стане уште попознат за граѓаните на нашата земја“, додаваат од партијата.

Засега од партиите само Левица излезе со предлог-кандидат за претседател на државата, а тоа е професорката Билјана Ванковска.

Слични содржини