Фудбалскиот клуб Барселона во текот на летото ќе помине низ нова транзиција откако Чави Ернандез најави дека ќе си замине од тренерската позиција, а по него ќе заминат уште најмалку шест фудбалери.
Серж Консеисао и Ханси Флик моментално се главните опции за наследник на Чави, а притоа ќе има и обнова на тимот.
Се претпоставува дека Рафиња ќе го напушти тимот, истото важи и за Серхи Роберто, Маркос Алонсо и Ориол Ромеу, а неизвесно е што ќе биде со иднината Феран Торес, Роналдо Араухо и Андреас Кристенсен…
Еден од оние кои досега не привлекоа премногу внимание за трансфер во летниот преоден рок е Френки де Јонг.
Холанѓанецот во минатото беше ставен на трансфер листата, но не сакаше да го напушти клубот. Сега се чини дека се предомислил.
Според пишувањата на „Релев“, клубот нема да му застане на патот во случај на задоволителна понуда.
Она што е јасно е дека Де Јонг има откупна клаузула од дури 400 милиони евра и дека Барселона би можела да се согласи да го продаде за помалку, но се претпоставува дека таа нема да оди под 100 милиони.
Наводно, Де Јонг е свесен за интересот што го има од Манчестер Јунајтед и не би било изненадување доколку замине на „Олд Трафорд“.