Американскиот претседател Џо Бајден направи уште еден гаф на прес-конференција откако ги помеша Египет и Мексико.
– Како што знаете, на почетокот мексиканскиот претседател Сиси не сакаше да ја отвори портата за да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа, но разговарав со него и го убедив да ја отвори, рекол Бајден на прес-конференција.
Проблемот е што претседателот на Египет, Абдел Фатах ел-Сиси е тој што овозможил хуманитарната помош да влезе во Газа, а не мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, пишува „New York Post“.
Весникот посочува дека Бајден го направил гафот само неколку минути откако рекол дека неговото сеќавање е одлично, како одговор на извештајот на тамошниот специјален обвинител, во кој се наведува дека американскиот претседател има ограничено памтење.