Украина не треба да се надева на значителен напредок во нејзината кандидатура за членство во НАТО на следниот самит на воениот блок, предупреди британскиот амбасадор во организацијата Дејвид Квери.
Западните медиуми минатиот месец објавија дека САД и Германија се против влезот на Киев во Алијансата, се додека трае конфликтот со Москва.
Украина ја поднесе официјалната апликација за прием во НАТО есента 2022 година, откако во 2019 година во својот устав го означи членството во Алијансата како стратешка цел на надворешната политика.
Од друга страна, Москва постојано нагласува дека потенцијалниот пристап на Украина во НАТО би бил огромна закана за националната безбедност на Русија. Исто така, претседателот Владимир Путин ја наведе намерата на Киев да се приклучи на Алијансата како една од главните причини за започнување на Специјалната воена операција во февруари 2022 година.