📸 Моника Белучи на ревија во Париз со својата ќерка: Блеснаа во црни креации

од Stefanija Kuzmanovska
619 прегледи

Познатата манекенка и актерка Моника Белучи се појави на модна ревија во Париз со својата ќерка Дева Касел.

Дева тргна по стапките на мајка си и се занимава со манекенство.

И двете блеснаа во црни креации. Додека Моника избра класично црно сако и здолниште со длабок шлиц, нејзината наследничка се појави во необична креација.

Дева носеше несекојдневен фустан, чиј горен дел беше мрежасто испреплетен.

Слични содржини