📽 Помладата ќерка на Бијонсе и Џеј Зи го „украде шоуто“ на Супер Боул: Руми носеше кукла со натпис

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Легендарната Бијонсе откри дека нејзиниот нов албум доаѓа наскоро, објавувајќи две нови песни во недела, неколку минути откако навести дека тоа може да се случи во реклама за Супер Боул.

Нејзиниот нов албум ќе се вика „Act II“ и ќе излезе на 29 март.

Сопругот на пејачката, раперот Џеј Зи и нивните ќерки Блу Ајви и Руми привлекоа посебно внимание на Супер Боул.

Дванаесетгодишната Блу Ајви ѝ е добро позната на јавноста, особено по настапите покрај нејзината мајка на турнејата Renaissance на Бијонсе. Девојчето тогаш покажа извонредни танцувачки вештини, а многумина коментираат дека физички многу личи на својата мајка.

Сепак, шестгодишната Руми ретко е видена во јавноста, а сега ги освои срцата на многумина кога се појави во друштво на нејзиниот татко и сестра. Малата Руми пристигна на Супер Боул со барбика во раката, а нејзината кукла имаше и натпис на кој пишуваше „Супер Боул“.

Ова им се допадна на многумина, а на интернет можете да прочитате коментари дека за разлика од нејзината постара сестра, која е „копија“ на Бијонсе, Руми многу личи на нејзиниот татко.

Слични содржини