СДСМ: Ја зголемивме просечната пензија за 6.400 денари

од Nikola Popovski
197 прегледи

СДСМ денеска преку соопштение се пофали дека просечната пензија е над 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра.

Минималната пензија изнесува 13.100 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно за речиси 50%.

-Пензионерите денес добиваат во просек по 6.000 денари повеќе, во однос на времето на владеење на ДПМНЕ, кои на пензионерите се сеќаваа само пред избори.

Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, независно од ничија политичка волја, благодарание на воспостваената методологија за усогласување на пензиите, донесена низ дијалог и соработка со пензионерите.

СДСМ не дозволи пензионерите сами да се справуваат со кризите. Во рамките на последниот деветти пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, е предвидена финансиска поддршка за 187 000 пензионери во вредност од 35 милиони евра, со што пензионерите добиваат од 1 500 до 3 000 денари месечно во наредните 5 месеци, велат од партијата на Димитар Ковачевски.

Слични содржини