И патните листови ќе бидат бесплатни

од Nikola Popovski
252 прегледи

МНР треба да преземе активности и надоместот на издавањето на патни листови за сите граѓани, кои што живеат надвор од територијата на Македонија и имаат потреба да се вратат, за да извадат патни исправи, да биде нула денари. Ова денеска го истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Според него, согласно владина одлука, и промената на возачките дозволи до крајот на годината ќе биде исто така бесплатна, на трошок на државата.

МВР се задолжува од утре да ги издава возачките дозволи со новото име на државата и тоа да биде на нивен трошок.

Претходно беше соопштено дека патните листови ќе се издаваат во амбасадите и дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство и дека ќе чинат 30 евра. Важноста на патниот лист ќе биде 30 дена од денот на издавање.

 

Слични содржини