200
Скопјанец бил приведен во текот на вчерашниот ден, затоа што физички нападнал полициски службеник, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Во 16:30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Т., на возраст од 34 години, затоа што физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, се појаснува во соопштението на МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.