Во декември, кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин брутално го нападна босанскиот репрезентативец и член на Феникс Санс, Јусуф Нуркиќ и заработи суспензија, која во меѓувреме ја отслужи.
Двајцата повторно се сретнаа на 11 февруари, а мечот го одбележа нивниот дуел и провокациите на паркетот.
Имено, во текот на целиот натпревар, кој го реши Стеф Кари со тројка во последната секунда за 113:112, беше забележано „надмудрување“ на двајцата кошаркари. На моменти имаше и „кошкање“ во кое учествуваа и двајцата, обидувајќи се да покажат колку противникот е „мал“ и недостоен за кошарка.
Според американските медиуми, Нуркиќ бил понервозен и често покажувал нетрпеливост кон Грин.
Неколку дена подоцна следеше одговор од кошаркарот на Вориорс.
„Се обидуваше да се позиционира, да ме оттурне. Со своето необично исфрлување, постигна шест поени и решава да „слави“ покажувајќи на подот. Удира на подот, а искрено, не си доволно добар за да направиш такво нешто, а потоа го доведува во прашање мојот карактер. Каква кукавица. Ова е натпревар што го изгуби, каде сте уништени и единственото нешто за што треба да зборуваш е како сте казнети. Каков срам, и очекуваат да победат со тој тип. Искрено, јас сум четирикратен ол-стар и четирикратен шампион во НБА и треба да те уништам. Беше трејдуван поради Јокиќ, за да тој стане тоа што е денес. Тој (Нуркиќ) и Кевин (Дурант) претходно го доведуваа во прашање мојот карактер, а тоа е кукавички, истакнал“, меѓу другото Грин.
View this post on Instagram