Американскиот милијардер Елон Маск изјави дека „нема шанси“ рускиот претседател Владимир Путин да ја загуби војната во Украина, додавајќи дека пакетот помош усвоен од американскиот Сенат нема да ѝ помогне на Украина.
„Овој пакет не ѝ помага на Украина. Продолжувањето на војната не ѝ помага на Украина“, порачал Маск за време на дискусијата со американски политичари.
Американскиот Сенат вчера усвои предлог-закон за помош во вредност од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај противењето на некои републиканци. За да биде усвоен пакетот помош, тој мора да биде прифатен и од Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изрази благодарност до американските сенатори за новиот пакет помош за Украина, пренесува АФП.