Демири од ЕСП се очекува да биде седмиот член на ДИК

од Nikola Popovski
164 прегледи

Со 10 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Абдуш Демири поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени, за нов член на Државната изборна комисија.

Предлогот за нов член на ДИК треба да се гласа на пленарна седница.

Во „трката“ за член на ДИК беше и кандидатот Зулфи Адили предложен од Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, кој вчера се повлече поради неговото именување за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Местото во Државната изборна комисија се испразни точно пред една година откако Кренар Лога беше избран за министер за правда по влегувањето на Алијанса за Албанците во власта. За изборот на член на ДИК потребно е да гласаат најмалку 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство кое засега се уште е неизвесно.

Слични содржини