Менаџерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше пред утрешното гостување на неговиот тим во Премиер лигата кај Барнли.
Шпанецот даде оптимистичка вест за состојбата на повредените играчи: „Денеска имаме тренинг и убеден сум дека утре ќе се вратат неколку играчи. Мора да одиме натпревар по натпревар и во последните неколку недели моравме да играме со други играчи. Нема големи проблеми и Томас Парти напредува навистина добро и не сакам да зборувам премногу, но тој изгледа добро“.
„Ова е најважниот дел од сезоната и знаеме дека секој натпревар ќе игра важна улога во она што сакаме да го постигнеме. Барнли е исклучително добро трениран и многу конкурентен, па знаеме дека ни претстои тежок натпревар во сабота – ќе играме со истата енергија и ентузијазам“.
„Направивме многу работи правилно во текот на сезоната, покажавме многу високо ниво на конзистентност и сега сакаме да направиме уште еден чекор напред и сакаме да играме како што играме – ќе видиме до каде ќе одиме. Повторно работиме како тим на нашите сили и на работи кои можеме да ги подобриме, се трудиме да имаме повеќе верба и да ги истакнеме квалитетите на играчите“.
Менаџерот на Арсенал со насмевка ја прокоментира веста дека Килијан Мбапе најавил дека ќе го напушти ПСЖ на лето: „Кога има играч од ваков калибар, секогаш мораме да бидеме дел од разговорот, но овде изгледа поинаку. ”
Артета исто така му посака брзо закрепнување на менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон.