Баерн ќе се обиде да го победи Ливерпул за потписот на Чаби Алонсо

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Баерн Минхен ќе се обиде да го победи Ливерпул за потписот на Чаби Алонсо, тврди „Тајмс“. Шпанскиот стручњак одлично се претставува оваа сезона со Баер Леверкузен и е главен фаворит на „црвените“ да го замени Јирген Клоп, кој заминува на лето.

Воедно, Баварците по завршувањето на сезоната најверојатно ќе се разделат со Томас Тухел. Германскиот хегемон е на прагот да ја испушти титулата во Германија откако заостанува пет бода зад „аспирините“. Минатиот викенд тимот на Алонсо го победи Баерн со 3-0 во Бундеслигата. Во средината на неделата, Тухел и компанија загубија со 0-1 на гостувањето кај Лацио во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Идејата на раководството на Баерн е да го заменат Тухел со Алонсо. На „Алијанц Арена“ сепак ќе мора да се борат против Ливерпул, кој исто така има аспирации за шпанскиот тренер.

И Ханзи Флик е опција за Баварците.

Слични содржини