Кличко: Смртта на Навални била планирана да настапи пред конференцијата во Минхен

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави за ДПА дека времето на смртта на рускиот дисидент Алексеј Навални – само три часа пред закажаниот почеток на Минхенската безбедносна конференција на која присуствуваа главните западни лидери – не е случајност.

„Не мислам дека тоа е случајност“, рече Кличко, кој е поранешен политичар.

Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, велејќи дека Путин командува со се во Русија.

„Тоа е диктатура. Таму секој што не се согласува со Путин е убиен или затворен, истакна градоначалникот на Киев.

Сепак, Кличко се надева дека опозицијата против режимот на Путин сега ќе се зголеми и во Русија.

„Сите се плашат отворено да зборуваат против. Сепак, постои критична маса луѓе кои изгубиле роднини во војната во Украина и се незадоволни од Владата на Путин. Тие не можат да молчат, додаде Кличко.

Слични содржини