Пеп одби да го обвини Халанд за неговите промашувања против Челси

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Пеп Гвардиола одби да го обвини Ерлинг Халанд за неговите грешки против Челси кои го чинеа Манчестер Сити два бода (1:1).

Норвежанецот промаши серија добри шанси и го подобори својот сезонски рекорд по коефициент за очекувани голови, но без реализации. Тој имаше 9 удари и 3 големи шанси, но Родри мораше да ги спасува „граѓаните“ со задоцнет гол.

„Добро е што имаше 9 шута и следниот пат ќе даде гол. Како фудбалер имав 11 гола за 11 години – по еден гол по сезона, така што не сум најдобриот човек да им давам совети на напаѓачите“, изјави Гвардиола.

„Создадовме шанси, тој имаше свои можности и во следниот натпревар ќе се запише. Не го обвинувам. На крајот на денот, тоа е фудбал и го играат човечки суштества“, додаде тој.

На крајот, лутиот Халанд ја оттурна камерата од него, но беше тешка недела за него откако ја загуби бабата.

„Вистината е дека во првото полувреме игравме лошо. Сепак, очекувањата се навистина големи, бидејќи никој ништо нема да ни даде бесплатно. Ние сме Манчестер Сити и секој пат мораме да правиме се сами. Се подобривме, но против Челси треба да бидете на ниво цели 95 минути“, изјави Гвардиола.

Слични содржини