Дали обезбедувањето на Мицкоски има налог да брани дилери на дрога, прашуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
174 прегледи

МВРО-ВМРО е на дело, повторно, обвинуваат од СДСМ откако член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нападнал полициски службеник пред кафуле.

Според партијата на власт, доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада, „МВРО-ВМРО повторно да се активира“.

-Ивица Бисовски, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, физички нападнал полицаец пред кафе барот „Мош“ во Скопје, се вели во соопштението на СДСМ.

Според информациите, и Бисовски е полициски службеник.

-Обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога. Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Прашањето е која е улогата на обезбедувањето на Мицкоски? Дали имаат налог да бранат дилери со дрога, прашуваат од СДСМ.

За случајот е известен дежурен обвинител кој треба да даде насоки за натамошно постапување, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Расчистување на случајот побара и дополнителниот заменик Бојмацалиев, кој алармираше за настанот.

Уапсениот член на обезбедувањето на Мицкоски веднаш ќе биде отстранет од позицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Настанот се случил неделата по полноќ.

Слични содржини