ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе полицаец да се удира во пајак, одговорност мора да има за сите

од Nikola Popovski
194 прегледи

Исто така СДСМ сака јавноста да заборави и на скандалите како петардите на Дрин Ахмети, луксузните патувања на заменикот во МВР Назим Буши, пукањето со калашникови од страна на полициски функционери, исчезнувањето на оружје од депото на МВР во Охрид, инцидентот со “Пајакот“ и десетици други случаи кои власта на ДУИ и СДС ги забошотуваше целиот овој период, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата го споменуваат и случајот со обезбедувачот на екс-премиерот Зоран Заев, за кој велат, претепа 10 деца во 2016–та пред дискотека во Струмица и истиот случај не бил заведен во билтенот, иако бил уредно пријавен.

-Нема повеќе полицаец да се удира во пајак, да се прогласува пајакот за крив или полицајци да се пушкараат во хотели на страна на криминалците. Одговорност мора да има за сите, истакнуваат од партијата на Христијан Мицкоски и го прашуваат заменик-министерот за внатрешни работи, Бојмацалиев, „дали ја виде вчерашната снимка од претепувањето на човек во Струмица од страна на обезбедувањето на Заев, кое се случило пред два месеци“.

-Дали Бојмацалиев и СДС се шокирани зошто МВР на Спасовски не презело ништо и истиот случај го заташкале. Токму во тоа е разликата. СДС ги забошотува и прикрива прекршувањата на законот, а ВМРО-ДПМНЕ реагира, ги осудува и бара целосно расветлување на случајот, бескомпромисно и неселективно применување на нормите кон сите граѓани, стои во соопштението на партијата.

Ова следува откако во неделата по полноќ, полициски службеник кој не бил на должност нападнал свој колега пред угостителски објект. Од МВР потврдуваат дека е дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Веднаш бил приведен и против него ќе биде поднесена пријава.

-Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје го лишила од слобода И.Б. (43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Случајот со нападот на полицаецот веќе се наоѓа во Обвинителството. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека членот на обезбедувањето на Мицкоски е отстранет од позицијата.

Слични содржини