170
Сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија Навална, денеска во Брисел ќе се сретне со министрите за надворешни работи на ЕУ, три дена по смртта на опозиционерот во руски затвор.
„Во понеделник ќе ја примам Јулија Навална во Советот за надворешни работи на ЕУ“, напиша вчера високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на мрежата Х.
Тој рече дека министрите на ЕУ ќе испратат силна порака за поддршка на руските борци за слобода и ќе му оддадат чест на Навални.
Јулија наведе дека го смета рускиот претседател Владимир Путин „лично одговорен“ за смртта на нејзиниот сопруг и ја повика меѓународната заедница да се обедини и да го порази „застрашувачкиот режим“.